Таа е неуништлива: Руското чудо од дете повторно танцуваше на мраз – феноменален настап и прво место со солзи

Точка

15/02/2022

19:04

67.221

Големина на фонт

а а а

Феноменалниот настап на Камила Валиева го одбележа денешниот ден на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Младата Русинка го освои првото место во квалификациите со 2 бодови повеќе од својата сонародничка Шчербакова, а по настапот се расплакала со што покажа дека очигледно тешко ѝ паѓа допинг скандалот со кој се соочува овие денови.


Финалето ќе се одржи во четврток, а доколку 15-годишната Валиева се најде помеѓу 3-те најдобри по слободната програма, церемонијата на доделување на медалите нема да биде одржана. Русинката е под истрага поради допинг, но дозволено ѝ е да се натпреварува, а доделувањето на медалите ќе се одржи дури откако истрагата ќе заврши.


Доколку Камила зазеде едно од првите 3 позиции, нема да има ниту доделување на цвеќе по натпреварувањата во поединечна конкуренција.

Погледнете го настапот кој ѝ предизвика силни емоции:



Спонзорирани линкови

Маркетинг