(Фото) Сателитски снимки укажуваат на ново распоредување на руски војници во близина на Украина - Инвазијата може да започне за време на Олимпијадата

Макфакс

11/02/2022

11:48

5.082

Големина на фонт

а а а

Комерцијалните сателитски снимки објавени од приватна американска компанија укажуваат на нови распоредувања на руски воени сили на неколку локации во близина на Украина, пренесува „Ројтерс“.

Со седиште во САД Maxar Technologies рече дека фотографиите направени во средата и четвртокот покажуваат „значителни нови распоредувања“ на воени трупи на неколку локации во Крим, западна Русија и Белорусија.

На Крим, кој стана дел од Руската Федерација во 2014 година, споменатата американска компанија, како што тврди, идентификуваше големо ново распоредување на војници и опрема на аеродромот Октјабрское северно од градот Симферопол, вклучувајќи 550 воени шатори и стотици возила.

Блинкен: Инвазијата на Украина може да започне за време на Олимпијадата

Нови руски сили продолжуваат да пристигнуваат на украинската граница, а инвазијата на Украина може да започне во секое време, вклучително и за време на Зимските олимписки игри во Пекинг, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.


Зборувајќи на прес-конференција во Мелбурн, Блинкен рече дека Вашингтон ќе продолжи да го повлекува персоналот од својата амбасада и го повтори повикот на Стејт департментот американските граѓани во Украина веднаш да ја напуштат земјата, пренесе Ројтерс.