„Кои латентни нацисти сте Вие!“: По жестоките реакции на јавноста, Министерството за правда го повлекува предлогот за казнивост за изразено 'негативно мислење'

Точка

06/02/2022

10:45

7.983

Големина на фонт

а а а

Пред неколку дена Министерството за правда подготви промени на Законот на граѓанска одговорност на граѓаните, во кои се наведува дека ќе има санкции и за негативно мислење, што порано се нарекуваше вербален деликт и беше укинат по крајот на социјализмот.

Ова предизвика бурни реакции од јавноста, но и од претставници на правната фела.

„Новиот предлог да се одговара за навреда и за „негативно мислење“ не е ништо помалку од цензура на мала врата! Јас можам да напишам дека Владата не работи добро – оп тужба за навреда. Комшијата има лоша фризура – оп навреда. Кои латентни нацисти сте Вие!“, пишува за предлогот на владата адвокатот Јанаки Митровски.

Новиот предлог да се одговара за навреда и за "негативно мислење" не е ништо помалку од цензура на мала врата! Јас...

Posted by Janaki Mitrovski on Saturday, February 5, 2022

За предлогот реагира и адвокатот Александар Тортевски и иронично порачува:

„Само фалете ја власта дека ве усреќува и нема никогаш да ве тужат за клевета“.

По жестоките реакции, Министерството за правда ја информира јавноста дека формулацијата во однос на предлог Законот за граѓанска одговорност каде за навреда се одговара и за „негативно мислење“, е грешна формулација за што ќе се интервенира веднаш во амандманската расправа.

„Целосно ги поддржуваме новинарски слободи и права и сите закони ги носиме заедно со здруженијата, а во интерес на објективното и слободното информирање“, се вели во соопштението на Министерството за правда.