(Фото) Ѓоковиќ го искоментира спектакуларното финале и историската победа на Надал

Дерби

30/01/2022

17:38

15.077

Големина на фонт

а а а

Рафаел Надал испиша тениска историја во Мелбурн и стигна до 21-ва грен слем титула, што всушност значи дека изби на чело на вечната листа и за првпат е лидер по бројот на освоени најважни турнири.

Шпанецот го победи Данил Медведев во големото финале откако се врати од два сета негатива и стана првиот тенисер кој ја надминува границата од 20 грен слем трофеи, успех кој секако предизвика многу реакции во тениската спортска јавност.

Во низата честитки, меѓу првите се јави Рожер Федерер кој испрати оригинална и навистина емотивна честитка, но подоцна се јави и светскиот рекет број еден.

Поразот на Медведев значи дека Ѓоковиќ ќе остане најдобар светски тенисер, но сега Србинот мораше да му честита на Надал за големиот успех.

Во својата објава, Ноле не ја заборави ниту Ешли Барти која победи во женска категорија, но сепак далеку поголемо внимание привлече порака за финалето кое се одигра денеска.

– Честитки до Рафаел Надал за 21-та грен слем титула, неверојатно достигнување. Секогаш со импресивен борбен дух кој преовладуваше и овојпат. Секоја чест. Медведев даде се на теренот и играше со страст и посветеност каква што очекувавме од него – порача Новак.



Спонзорирани линкови

Маркетинг