(Видео) Надал направи епски пресврт во финалето и стигна до рекордна 21-ва Грен слем титула!

Дерби

30/01/2022

15:31

3.881

Големина на фонт

а а а

Рафаел Надал е синоним за борец и професионална истрајност во најтешки можни услови на теренот, а тоа го докажа и во големото финале на Австралија Опен во кое денеска се врати од работ на бездната и славеше после точно 5 часа и 24 минути игра.

Иако беше соочен со негатива од 2:0 во сетови и последователни три брејк топки, Надал продолжи да верува во себе и успеа да се избори за неверојатен кам-бек, а потоа и за целосен пресврт во дуелот со разиграниот Данил Медведев.

Рускиот тенисер беше навистина подобар во првите два сета и ги доби со 6:2 и 7:6, па и покрај тоа што подобро отвори во третиот сет во кој имаше три брејк топки во низа за преземање на водството, некористењето на овие шанси ја разбудија вербата кај Надал.

Борбениот Шпанец се врати и го доби третиот сет со 6:4, а со иста мера го освои и четвртиот сет за комплетно враќање во игра, носејќи го финалето во драматична завршница.

Во петтиот сет, Надал прв направи брејк и сервираше за меч при 5:4, но Медведев не се откажа и направи брејк за ново израмнување и екстаза на трибините. Рафа веднаш направи рибрејк и поведен со 6:5, а потоа по вторпат сервираше за меч и направи историја.

Со конечните 7:5 во петтиот сет, Надал стигна до својата втора Грен слем титула на Австралија Опен по онаа во 2009-та година, а воедно и до рекордна 21-ва Грен слем титула со која ги остава зад себе вечните ривали Рожер Федерер и Новак Ѓоковиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг