Во 13 членки на ЕУ има минималец понизок од 1.000 евра, а Бугарија на дното на листата

Точка

28/01/2022

21:11

4.670

Големина на фонт

а а а

Минималната плата во 13 од 21 држава членка на ЕУ, која е законски пропишана, во јануари оваа година изнесувала помалку од 1.000 евра. Во две држави била нешто повисока од илјада евра, во шест е повисока од 1.500 евра, а разликата меѓу највисоката и најниската минимална плата е поголема од седум пати, објави денеска "Eurostat".

Најниска минимална плата имаат Бугарите - 332 евра, а највисока жителите на Луксембург - 2257 евра. Во Хрватска минималната плата изнесува 624 евра.

По Бугарија следат Латвија со 500 евра, Романија со 515 евра, Унгарија со 542 евра, Словачка 646 евра, Чешка 652 евра, Естонија 654 евра, Полска 655, Литванија 730, Грција 774, Малта 792 и Португалија 823 евра.


Нешто повеќе од илјада евра земаат во Словенија - 1.074 и Шпанија 1.126 евра, а шест земји имаат минимална плата повисока од 1.500 евра - Франција (1.603), Германија (1.621), Белгија (1.658), Холандија (1.725), Ирска (1.775) и Луксембург (2.257 евра).

Резултатите се нешто поинакви кога минималната плата се мери според стандардот на куповна моќ. Според тоа, Бугарија и натаму има најмала минимална плата - 604 евра, а Луксембург 1.707 евра, па разликата нешто помала од три пати.


Минималната плата во Хрватска според стандардот на куповната моќ изнесува нешто помалку од 900 евра, и зад неа се Грција, Унгарија, Чешка, Естонија, Словачка, Латвија и Бугарија.

Од земјите кои имаат минимална плата помала од илјада евра според стандардот на куповна моќ нешто подобри од Хрватска се Малта, Португалија и Романија.


Останатите осум земји имаат до 1.500 евра. Германија има нешто повеќе од 1.500 и Луксембург 1.707 евра.

Шест земји немаат законски пропишана минимална плата, туку таа се одредува со колективни договори. Тоа се Данска, Италија, Кипар, Австрија, Финска и Шведска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг