Медведев збесна како никогаш досега: Дали си луд или глупав, погледни ме кога ти зборувам…

Дерби

28/01/2022

11:59

1.753

Големина на фонт

а а а

Данил Медведев го загуби вториот сет во полуфиналето со Стефанос Циципас, но пред да се случи тоа, влезе во жестока и бурна расправија со судијата, во која воопшто не ги бираше зборовите.

Медведев го доби првиот сет во своја корист во тајбрејкот, но откако по вторпат го загуби својот сервис во вториот сет, едноставно „откачи“ кога седна на своето столче и влезе во конфронтација со судијата.

Русинот побара од судијата да го казни Циципас со „коучинг“ поради константните совети кои ги добива од својот татко од трибините (што е забрането во тенисот), но во моменти кога не доби конкретен одговор, уште толку повеќе се изнервира.

– Брате дали си луд, неговиот татко зборува после секој поен. Дали си глупав? Ќе одговориш ли на моето прашање, ќе одговориш ли…., – бесно викаше Медведев и продолжи.

– Ти си толку лош, како може да си толку лош за време на полуфинале на грен слем. Погледни ме кога ти зборувам, барам од тебе да му дадеш „коучинг“ поради тоа што татко му постојано зборува, – заврши Русинот.

Медведев и во минатото знаел да влегува во расправии со судиите, но се чини дека сега нервите ги загуби како никогаш претходно и потребно му беше време да отиде до тоалетот за да ги смири страстите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг