Начевски и Николов ќе судат во полуфиналето на ЕП

Дерби

27/01/2022

15:49

35.091

Големина на фонт

а а а

Македонската судиска комбинација, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе биде активна на завршните мечеви на 15. Европско првенство.

Начевски и Николов се делегирани од Европската ракометна федерација (ЕХФ) да ја делат правдата на првото утрешно финале во Будимпешта во кое ќе се соочат селекциите на Данска и Шпанија.

Ова ќе биде вторпат за Македонеците да им судат на скандинавците на овој шампионат, претходно им донесоа среќа против Холандија, дуел кој го добија во главната фаза со убедливи 35-23.

Инаку Ѓорѓи и Славе на турнирот беа главни и на пресметките Франција-Исланд, Словачка-Литванија и Германија-Полска и на сите на највисоко ниво си ја завршија задачата.

Словенците Давид Сок и Бојан Лах ќе го судат второто полуфинале меѓу Шведска и Франција, чешката комбинација Вацлав Хорачек и Јири Нотни ќе ја дели правдата за бронзениот медал, додека ЕХФ финалето им го додели на Роберт Шулце и Тобијас Тониес од Германија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг