Македонецот блеска: Вашингтон победи, Јакимовски повторно играч на натпреварот

Дерби

27/01/2022

13:52

11.978

Големина на фонт

а а а

Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски продолжува со одличните партии за Вашингтон Стејт Универзитетот во НЦАА лигата.

Вашингтон славеше над Јута со 71:54, а најзаслужен за триумфот беше Македонецот кој вторпат во низа беше прогласен за играч на натпреварот. Андреј беше во стартната петорка и за 30 минути на паркетот даде 15 поени, собра 8 скока, украде 2 топки и забележа 1 блокада.

Добра поддршка имаше и од Робертс кој исто уфрли 15 кошеви, додека на спротивната страна единствен двоцифрен беше Стефановиќ со 11 поени.

Само да потсетиме нашиот млад кошаркар беше број еден и на средбата против Калифорнија со што може да се заклучи дека во својата втора година меѓу „Кугарс“ се трансформира во вистински лидер на тимот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг