Градоначалникот на Фиренца: Трансферот на Влаховиќ е понижување за фановите на Фиорентина

Дерби

27/01/2022

12:53

3.458

Големина на фонт

а а а

Душан Влаховиќ до крајот на месецов ќе биде промовиран во дресот на Јувентус, со што станува уште еден фудбалер на Фиорентина кој се преселил во редовите на најомразен италијански ривал.

Србинот одигра фантастична полусезона, но уште во јануари ќе ја напушти Фиренца, со што ќе им овозможи и сериозен профит на „виолетовите“.

Од друга страна, фановит се разочарани, а Градоначалникот на Фиренца, Дарио Нардела го опишал трансферот како понижувачки.

– Како навивач, разочарувачки е да го видите најдобриот фудбалер како заминува среде сезона, посебно во тим кој е директен конкурент на табелата во Серија А.

– Ова е уште еден доказ дека модерниот фудбал се оддалечува од фановите и во него доминираат субјекти кои имаат преголема моќ.

– Навивачката база на Фиорентина уште еднаш е „прегазена“ и понижена, – рекол Нардела.

Влаховиќ ќе и донесе на Фиорентина 67 милиони евра, плус дополнителни 8 милиони евра по активирање на одредени, однапред предвидени бонуси.



Спонзорирани линкови

Маркетинг