Комисијата за заразни болести препорачува настава со физичко присуство и задолжително носење заштитни маски - родителите не отстапуваат од своите барања

Точка

26/01/2022

15:33

2.313

Големина на фонт

а а а

Комисијата за заразни болести донесе одлука за стартот на второто полугодие.

По денешниот состанок на кој се разгледувала епидемиолошката состојба во земјава, Комисијата препорачува почнувањето на второто полугодие од учебната 2021–2022 година, наставата да се одвива со физичко присуство за сите ученици во основно и средно образование со доследно почитување на превентивните мерки и протоколи, односно носење на заштитни маски за време на наставата.

За родителите кои се дел од иницијативата „Стоп за носење маски во училиштата“ одлуката на Комисијата е политичка. Од своите барања не отстапуваат, а децата демонстративно ќе ги однесат на училиште без маски.

Препораката треба да ја потврди и Кризниот штаб, па да се најде на владина седница.

Поради епидемиолошката ситуација на терен, со зголемување на бројот на новозаразени од коронавирусот, стартот на второто полугодие се помести за десетина дена, односно од 1 февруари.

Од Министерството за образование велат дека, како и досега, ќе постапуваат согласно препораките на Комисијата за заразни болести.

Во однос на другите мерки, Кризниот штаб го усвои заклучокот да се скрати времето на изолација од 10 на 7 дена и е веќе испратен на разгледување до Владата. За укинување на сертификатите како следна можна мерка се уште не е разговарано.




Спонзорирани линкови

Маркетинг