Замената за Влаховиќ Фиорентина ја најде во Базел

Макфакс

26/01/2022

15:17

2.156

Големина на фонт

а а а

Фиорентина експресно најде замена за Душан Влаховиќ, кој ќе се пресели во Јувентус. Од трансферот на српскиот репрезентативец, Фиорентина, ќе заработи помеѓу 67.000.000 и 75.000.000 евра.

Замената за Влаховиќ, претседателот на Фиорентина, Роко Комисо, ја најде во Базел. „Виола“ испратиле понуда од 14.000.000 евра за Бразилецот Артур Кабрал.

Кабрал игра во голема форма, за што сведочат неговите 27 гола на 31 натпревар во досегашниот дел од сезоната.

Кабрал, кариерата ја за почнал во Палмеирас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг