Тони Крос се извини за последниот напад на судијата: Треба да оставаме добар пример за децата

Дерби

26/01/2022

11:23

1.638

Големина на фонт

а а а

Тони Крос доби жолт картон за фантомски прекршок на Куп натпреварот против Елче кој се одигра минатата седмица и се пожали за третманот од судијата на социјалните мрежи, но искусниот Германецот сега сфати дека претерал со својата реакција и се извини за вербалниот напад.

Фантастичниот играч за врска се огласи преку веб-страната на својата фудбалска Академија бидејќи смета дека оставил лош пример за младите со непотребната објава на социјалните мрежи, во која го сподели моментот од фантомскиот фаул за кој доби јавна опомена од судијата Хорхе Фигуероа.

Со ладна глава, Крос се покаја за своето однесување и реакциите на социјалните мрежи, па сега јавно се извини и уште еднаш ја покажа својата големина.

– Во моменти на големи емоции, понекогаш е тешко да останете мирен. Таква беше ситуацијата кога добив жолт картон за кој сметав дека не треба да го добијам.

– Сметам дека е нормално да се дискутира со судиите и со останатите играчи ако не се согласувате за нешто, но на крајот на краиштата, треба да постапите со почит и да останете добар пример за своите деца. Треба да се потсетиме кој се не гледа и каков пример оставаме, – вели Крос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг