Синот на холивудскиот актер Мајкл Медсен извршил самоубиство – пронајден со прострелна рана на главата

Точка

25/01/2022

17:04

10.651

Големина на фонт

а а а

Хадсон Ли Медсен, син на актерот Мајкл Медсен, почина на 26-годишна возраст.

Како што се наведува, постои сомнеж дека Хадсон извршил самоубиство, со оглед на тоа дека бил пронајден со прострелна рана на главата.

Претставник на медиумите на Мајкл Медсен дал изјава за „Metro“ во име на целото семејство.

„Нашите срца се скршени и преплавени сме со тага и болка поради загубата на Хадсон. Сеќавањето на него ќе го чуваат сите кои го познаваа и сакаа. Бараме приватност и почит во овој тежок момент. Ви благодариме“, се наведува во соопштението.

Наводите за смртта на 26-годишниот Хадсон ги потврдил и портпаролот на одделението за судска медицина во Хонолулу.

„Можам да потврдам дека Хадсон Ли Медсен (26) починал од прострелна рана на главата и дека постојат сомнежи дека извршил самоубиство на островот Оаху“, изјавил тој.

Како што се пишува на социјалните мрежи, Хадсон Мадсен живеел во Вахијава, Хаваи, со сопругата Карли. Фотографиите кои тој ги објавувал укажуваат на тоа дека служел во американската војска и дека одредено време бил во Авганистан.

Мајкл Медсен е исто така татко на 25-годишниот Калвин и 16-годишниот Лука од сегашниот брак со актерката ДеАна Медсен, а со поранешната сопруга Џанин Бисињано ги има 31-годишниот син Кристијан и 27-годишниот Макс.

Инаку, во ноември минатата година режисерот на „Јужен ветер“, Милош Аврамовиќ, ја објави веста дека Мајкл ќе ѝ се придружи на екипата во новата сезона, но сè уште не е познато дали актерот ќе се повлече по ваквата трагедија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг