„Скај“: Јувентус и Фиорентина ја договорија отштетата за Влаховиќ!

Дерби

25/01/2022

15:22

3.257

Големина на фонт

а а а

Душан Влаховиќ ги одбил сите понуди кои ги добил од Премиер лигата, од едноставна причина што сака да остане во Италија и да се пресели во најтрофејниот клуб во Серија А.

Српскиот репрезентативец кој важи за најпосакуван голгетер во Европа во овој момент е во напредни преговори со Јувентус, а како што стојат работите, двата клуба веќе ги договориле деталите и останува само фудбалерот да ги договори личните услови со клубот од Торино.

Како што јавува угледниот италијански „Скај“, Јувентус и Фиорентина постигнале конечен договор за отштетата, која на крајот ќе изнесува 75 милиони евра.

Фиорентина сфати дека ова е последна шанса да се добие убава заработка од најдобриот играч кој реши да си замине, а од друга страна, Јувентус и во ситуација кога не изгледа добро на табелата, покажува дека има доволно ресурси за да биде доминантен на трансфер пазарот во Италија.

Пред реализацијата на целата операција, италијанските медиуми почнаа да излегуваат со информации за рекордите кои ќе бидат урнати, односно Влаховиќ ќе стане најскап српски играч во историјата, а ќе се претвори и во најскап зимски трансфер од постоењето на Серија А.



Спонзорирани линкови

Маркетинг