Бесните тифози му се заканија на Влаховиќ: Телохранителите нема да ти го спасат животот!

Дерби

25/01/2022

12:24

2.257

Големина на фонт

а а а

Фиорентина доцна синоќа потврди дека на наивна адреса пристигнале неколку интересни понуди за Душан Влаховиќ, но италијанските медиуми откриваа дека најдобра и најконкретна е онаа од Јувентус.

Клубот од Фиренца и оној од Торино имаат голема традиција и нивното ривалство е едно од најомразените во Италија, па поради тоа, тифозите на Фиорентина ги испратија шпекулациите со сериозни навреди кон својот се уште актуелен фудбалер.

Србинот до пред само неколку месеци беше миленик меѓу фановите на клубот, но откако ја одби најдобрата понуда во историјата на „виолетовите“, сега е пред трансфер во Торино и тоа ги разбесни верните навивачи.

– Головите не се доволни за да го заслужиш респектот. Ти си циган…..

– Твоите телохранители нема да ти го спасат животот, ти си готов цигане…., – гласат паролите на фановите на Фиорентина пред стадионот „Артемио Франки“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг