Марта Стјуарт открила тајна која ја чувала долго време: „Го напуштив Хопкинс зошто во него го гледав Ханибал Лектор“

Точка

25/01/2022

12:42

11.625

Големина на фонт

а а а

Имено, во 1991 година Хопкинс ја толкуваше улогата на Ханибал Лектор во филмот „The Silence of the Lambs“ на режисерот Џонатан Дем.

Марта Стјуарт (80), позната американска деловна жена и ТВ лице, гостувала во емисијата „The Ellen DeGeneres Show“, а таму проговорела за врската со актерот Ентони Хопкинс која ја започнале на почетокот на 90-те години, откако се развела од Ендру Стјуарт.

Врската, како што признала во емисијата, ја завршила поради тоа што Марта непрекинато Хопкинс го гледала како Ханибал Лектор.

Имено, во 1991 година Хопкинс го толкуваше ликот на Ханибал Лектор во филмот „The Silence of the Lambs“.

Беше тоа филмот на годината, освои пет награди за Оскар, вклучувајќи го и Оскарот на Хопкинс за најдобра машка улога.

Но, улогата на Хопкинс како Ханибал, канибал и убиец, толку многу ја плашела Марта Стјуарт, што како што кажала и самата, не можела ниту да замисли да го прими актерот во својата огромна куќа во Мејн.


На прашањето на водителката Елен Деџенерис, дали тоа била причината за раскинување на љубовната врска со Хопкинс, Марта Стјуарт одговорила потврдно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг