Скандал во Британија: Смениле владина службеничка бидејќи е муслиманка

Точка

23/01/2022

14:28

3.775

Големина на фонт

а а а

Британскиот премиер Борис Џонсон се состанал со муслиманската пратеничка Нусрат Гани, која била сменета од висoка позиција во министерството за сообраќај на Велика Британија во 2020-та година поради наводна исламофобија.

Кратко по смената. Џонсон ја повикал Гани да поднесе официјална жалба, било соопштено денеска од Даунинг Стрит.

49-годишната Гани, која во февруари 2020-та година била сменета од положбата помошник министер за сообраќај, за "Sunday Times" изјавила дека член на парламентот кој спроведува парламентарна дисциплина, и рекол дека нејзиното муслиманско потекло било во фокусот при одлучувањето за отказот, пренесува "Reuters".


Џонсон и пишал на Гани за да изрази "сериозна загриженост" поради можна исламофобија и ја повикал да започне официјален процес на жалба, што таа не направила, рекол портпаролот на премиерот Макс Блејн.

„Конзервативната партија не толерира предрасуди или дискриминација од било кој вид“, порачал Блејн.


Се огласил и заменикот премиер и министер за правосудство на Велика Британија, Доминик Раб, кој изјавил дека Гани би требало да поднесе тужба поради тоа што некој неофицијален контролор на дисциплината во британската влада и кажал дека нејзината муслиманска вера "им прави непријатност на колегите".

Нарекувајќи ги обвиненијата на Гани "неверојатно сериозни", Раб одбил да каже дали и верува на својата поранешна колешка од владата, велејќи дека "нема да се впушта во оспорување на нечиј интегритет".




Спонзорирани линкови

Маркетинг