Шојгу го повикал британскиот колега во Москва

Точка

21/01/2022

19:15

4.706

Големина на фонт

а а а

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, го повикал министерот за одбрана на Велика Британија, Бен Волас, да ја посети Москва за да разговараат за актуелните безбедносни прашања, соопштило Министерството за одбрана на Русија.

„Сергеј Шојгу му ја потврди подготвеноста на својот британски колега да разговараат за сите актуелни безбедносни прашања и на основа на принципот на реципроцитет му предложи преговорите да се одржат во Москва, во било кое време кое му одговара на британскиот министер за одбрана“, се наведува во соопштението, пренесува "Sputnik".

Во своето обраќање Шојгу го потсетил Волас дека страните покажале можност за водење на конструктивен дијалог во текот на посетата на руската делегација во Лондон во 2013-та година, каде биле одржани преговори меѓу министрите за надворешни работи и министрите за одбрана во формат "2+2".


"Обновувањето на контактите во духот на добронамерноста меѓу Русија и Велика Британија ќе придонесе за намалување на тензиите во Европа", истакнал Шојгу во писмото за својот британски колега.

Претходно Волас во текот на своето обраќање во парламентот го повикал рускиот колега да го посети Лондон, истакнувајќи дека британската страна е подготвена да разгледува прашања кои се однесуваат на општата безбедност и да води разговори во позитивен дух.




Спонзорирани линкови

Маркетинг