(Видео) Загина 24-годишна девојка - била прегазена на пешачкиот премин кај “Сити Мол”

Точка

20/01/2022

21:00

10.497

Големина на фонт

а а а

24-годишна девојка вечерва загина на пешачки премин на раскрсницата на булеварот Партизански одреди кај Сити мол во Скопје.

„На 20.01.2022 год. во 19.44 час. пријавено е дека на ул.Московска со бул.Партизански Одреди се случила сообраќајна незгода во која ПМВ Цитроен управувано од Ј. Ѓ. (1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш кој е повреден и пренесен во ГОБ 8-ми Септември и В.Н. (1997) од Радовиш. која починала на лице место“, велат од МВР.

Полицијата врши увид на местото на несреќата, а повеќе детали се најавени за утре.

ФОТО: A1ОН

ФОТО: СКОПЈЕ1



Спонзорирани линкови

Маркетинг