Францускиот моден креатор со италијанско потекло, Џанбатиста Вали, ја претстави својата нова колекција за есен 2022 година, а модните парчиња ги воодушевија љубителките на модата и модните критичари.
Елегантните и женствени фустани од софистицирани материјали, заводливите кроеви кои ја „скокоткаат“ фантазијата и совршено носивите модели ги собраа сите симпатии и ја направија ревијата на Вали една од оние за кои долго ќе се зборува.
Покрај атрактивните фустани за свечени прилики, од кои некои можат да се носат и на помалку формални настани, тука се и комбинезоните и комплетите кои се совршени и за на работа и за разни свечености.
Погледнете дел од колекцијата: