Осветување на водите на Вардар и положување на светиот крст во Скопје

Точка

19/01/2022

13:02

2.197

Големина на фонт

а а а

По повод празникот Богојавление - Водици, традиционално на Мостот "Слобода" во Скопје денеска се одржува традиционално осветување на водите на Вардар и положување на Светиот крст.

Откако минатата година беше прекината поради пандемијата, оваа година продолжува вековната традиција на положување на крстот во осветените води.

Настанот е во организација на Скопската православна епархија при МПЦ. Бројот на луѓе кои ќе можат да се фрлат по крстот е ограничен.

Согласно мерките, во Вардар ќе влезат 10-тина лица кои веќе претходно учествувале, односно кои се подобро физички подготвени.

Празникот Богојавление се одбележува од вториот век. Според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус во реката Јордан.

Празнување на Богојавление - Водици во Скопје

Posted by MИА.mk on Wednesday, 19 January 2022



Спонзорирани линкови

Маркетинг