„Билд“: Дури 29 отсто од починатите од Ковид-19 во Германија не починале од коронавирус

Макфакс

18/01/2022

20:30

4.754

Големина на фонт

а а а

Многу починати, кои во официјалната статистика на Германија се вбројуваат како смртни случаи од корона, не умреле од неа, покажува истражувањето објавено од „Билд“.

Како што се наведува, во некои случаи постојат јасни несогласувања. Бројот на луѓе што НЕ умреле од вирусот, но биле пријавени како мртви од корона, е особено висок во Заксен-Анхалт. Во оваа германска провинција, дури 29 отсто од починатите, кои се на листата на починати како последица на Ковид-19, не починале поради тој вирус.


Во Германија секое лице заразено од коронавирус, а кое починало, е наведено во статистичките податоци, се води како починато од корона. Сепак, статистиката не покажува дали смртта е последица на инфекција со коронавирус, па една студија првпат откри податоци за пациенти што не умреле од коронавирус.

Во Заксен-Анхалт речиси една третина од починатите од Ковид-19 не умреле од коронавирус, туку од други болести. Кај 64 отсто Ковид-19 е причина за смрт, а за другите шест отсто причината е непозната.

Во другите провинции постигнат е поинаков резултат, а во Баден-Виртемберг и Зарланд 90 проценти од смртните случаи од Ковид -19 починале поради коронавирус.


Во Баварија бројот на починати од Ковид-19, а се регистрирани како смртни случаи од Ковид-19, е 84 отсто.

Бројката не е позната за цела Германија, наведува „Билд“, а од Институтот „Роберт Кох“ истакнуваат дека коронавирусот во најголем број случаи е причина за смртта.