Јутјуберката која инспирираше многумина, почина од опасната болест: „Сега веќе ништо не ја боли и танцува на музиката што ја сака“

Точка

14/01/2022

21:29

6.131

Големина на фонт

а а а

Јутјуб ѕвездата, Адалија Роуз, почина на 15-годишна возраст како последица на опасната болест која предизвикува забрзано стареење.

Оваа тинејџерка имала речиси три милиони следбеници. Таа имала Hutchinson-Gilford progeria syndrome, а ѝ го ијагностицирале кога имала три месеци.

Нејзиното семејство ја објавило нејзината смрт на Инстаграм:

„Тивко замина, но нејзиниот живот беше далеку од тоа. Допре до срцата на милиони луѓе и остави свој белег во животите на сите оние кои ја познаваа. Сега веќе ништо не ја боли и танцува на музиката што ја сака“.

Им се заблагодариле на сите што ја поддржувале и ја сакале. Тие им се заблагодариле и на сите лекари и медицински сестри кои со години се труделе да го одржат нејзиното здравје стабилно.

На крајот, семејството побарало од јавноста да ја почитува нивната приватност во овие тешки моменти.

„Срцето ми се скрши кога слушнав за нејзината смрт. Имав среќа што ја запознав и сфатив колку е посебна. Таа трогна многумина со својата неверојатна енергија. Многу ми е жал за вашата загуба“, напишал еден корисник на Јутјуб.

„Почивај во мир, драга Адалија. Твојата светлина ќе свети засекогаш“, е исто така еден од коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг