В сабота ќе се одржи седница за избор на новата влада

Макфакс

11/01/2022

15:50

2.158

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска го информира мандаторот за состав на новата влада, Димитар Ковачевски, дека седницата за избор на владата ќе ја свика в сабота, 15 јануари, во 11 часот.

Претходно, мандаторот Ковачевски официјално му ги достави на претседателот на Собранието предлог-составот и предлог-програмата за работа на новата влада и изрази очекување дека истите ќе бидат одобрени без одложување.