Променливо облачно време со слаб локален дожд

Макфакс

30/12/2021

08:35

1.148

Големина на фонт

а а а

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно со слаб локален дожд, особено во северните делови.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието.

Максималната температура ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје, претежно облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне до 8 степени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг