Фото: Тешка сообраќајна несреќа кај Порта Влае - оштетени се повеќе возила, повредени две лица

Нетпрес

27/12/2021

04:49

9.738

Големина на фонт

а а а

Тешка сообраќајна несреќа во неделата вечерта се случи на булеварот „Партизански Одреди“ кај Порта Влае кон скопската општина Ѓорче Петров.

Првичните информации на Министерството за внатрешни работи велат дека досега две лица се јавиле со полесни повреди по сообраќајната несреќа која вечерва се случи во Влае.


Од МВР за Курир информирале дека едно возило удрило во паркирани автомобили и канделабра.

Повредените лица по лекарскиот преглед се пуштени на домашно лекување.


Полициски екипи се на терен, каде во тек е увидот.