Видео: Како изгледа кога „Bugatti Chiron“ се движи со 400 км/ч. на автопат

Точка

25/12/2021

14:15

49.563

Големина на фонт

а а а

„Bugatti Chiron“ е преполн со модерна технологија, но во исто време останува верен на конвенционалните решенија на погонскиот систем.

Тој е еден од последните претставници на старата „гарда“ која полека го отстапува местото на електричните наследници. Во срцето на овој извонреден модел е осумлитарски, 16-цилиндарски бензинец кој произведува дури 1.500 коњски сили и 1.600 Nm. Поврзан е со автоматски менувач кој го пренесува овој огромен потенцијал на сите четири точки.

Според фабричките податоци „Bugatti Chiron“ во оптимални услови може да достигне брзина од 100 км/ч. за 2,5 секунди и да развие максимална брзина од 420 км/ч., па во тоа може да му парираат само неколку модели со конвенционален погон, како што се „ Koenigsegg Regera“ и „Hennessey Venom GT“.

За каков автомобил станува збор, најдобро е прикажано во видеото кое е снимено на автопат во Германија на кое се гледа како истиот забрзува. Застрашувачко е тоа што мерењето завршува дури на 414 км/ч..

Изненадување е тоа што откако ќе надмине 300 км/ч., автомобилот не ја губи силата додека пак стрелката на брзиномерот и натаму брзо се поместува.

Погледнете го видеото:



Спонзорирани линкови

Маркетинг