Анчелоти за Модриќ: Здравјето е на прво место

Дерби

20/12/2021

14:19

2.435

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид доминираше, ама сета таа иницијатива, посед на топка и преку 30 упатени удари не вроди со плод и на крајот мораше да се задоволи само со бод на лигашката пресметка против аутсајдерот Кадиз.

Со ова беше прекината победничката серија на „кралевите“ кои на оваа средба не можеа да сметаат на неколку играчи меѓу кои и моторот Лука Модриќ. Хрватот прво доби позитивен тест на КОВИД-19 за да потоа новото тестирање покаже дека е негативен, но беше одлучено да не биде во комбинација за дуелот на „Бернабеу“.

- Дали ни недостасуваше Модриќ? Лука е важен играч за нас, одигра фантастично. Сепак, тој имаше здравствени проблеми, поради што мораше да биде надвор од теренот. Сепак, здравјето е на прво место и мора сите заедно да се бориме против овој вирус, за што поскоро да ставиме крај на агонијата, изјави тренерот Карло Анчелоти.

Реал има уште еден тест до крајот на годинава, гостување во Баскија кај Атлетик Билбао.