Радио пораката на Хамилтон во последниот круг ги открива неговите вистински чувства и фрустрации

Телма

13/12/2021

19:32

56.797

Големина на фонт

а а а

Британскиот возач на Формула 1, Луис Хамилтон не успеа да дојде до осмата титула за шампион на светот, а иако после трката во Абу Даби му честитал на Макс Ферстапен, разговорот со членовите на тимот на Мерцедес во текот на последниот круг ги открива неговите вистински чувства.

Возачот на Мерцедес собрал сили за да му честита на Макс Ферстапен, пружејќи му рака и честитка за титулата.

"Пред се сакам да му честитам на Макс и неговиот тим. Мислам дека оваа година направивме одлична работа. Нашиот тим, сите во фабриката, мажи и жени кои ги имаме, сите напорно работеа во текот на оваа тешка сезона. Многу сум горд на нив и благодарен што заедно со нив бев дел од ова патување. Дадовме се од себе во вториот дел од сезоната и не се откажавме, тоа е најважно. Секако, се чусвтвував одлично во болидот минатите два месеци, особено на крајот од сезоната. Се надевам дека сите ќе останете безбедни во текот на пандемијата и дека убаво ќе го поминете Божиќ. Се гледаме наредната година", рекол Хамилтон после трката.

Сепак, снимката која се појави на социјалните мрежи во моментот кога Ферстапен го престигнува Хамилтон ја покажува нервозата на возачот на Мерцедес.

"Човеку, ова е изманипулирано!", му рекол седумкратниот светски првак на инженерот Питер Бонингтон.