Британски лекари прогнозираат фатален крај за 25.000 до 75.000 лица од омикрон во нивната земја

Нетпрес

12/12/2021

11:28

2.104

Големина на фонт

а а а

Ширењето на сојот омикрон на коронавирусот може да доведе до значително зголемување на морбидитетот и морталитетот, се наведува во извештајот на Лондонската школа за хигиена и тропска медицина (LSHTM).

Авторите на документот претставија оптимистичко и песимистичко сценарио за пандемија во Англија од 1 декември до 30 април. Првиот сугерира дека имунолошкиот одговор кај населението ќе биде висок, а вакцините ќе останат ефикасни. Во овој случај, бројот на заразени би можел да достигне 2.000 дневно, а вкупниот број на хоспитализирани ќе достигне 175.000. Од нив, речиси 25.000 лица може да умрат.

Според песимистичкото сценарио,пак, може да дојде до двојно зголемување на бројот на посети на медицинските установи од однос на јануари 2021 година. Бројот на хоспитализирани би бил 492.000, а бројот на умрени 74.800.

Според еден од авторите лидери на истражувањето, Розен Бернард, доколку пандемијата се задржи до оптимистичкото сценарио, тогаш умерените мерки ќе бидат доволни за да се надминат тензиите со омикронот: ограничување на масовни настани, затворање на места за забава и работа од дома.

-Песимистичката перспектива, меѓутоа, сугерира дека можеби ќе бидат потребни построги мерки за да се избегне преоптоварување на националната здравствена служба, рече Бернард.



Спонзорирани линкови

Маркетинг