Ловоровиот лист одамна се користи во гастрономијата, но овој зачин всушност е и одличен природен лек кој делува против воспаленија и антисептички.
Ловоровиот лист е богат со бројни минерали, како манган, железо, бакар, магнезиум, селен, калциум, но и витамини од групата Б, а сето тоа што го наведовме досега поволно влијае на работата на метаболизмот, но и на нервите и мускулниот систем.
Нашите баби со причина ставале ловоров лист во јадењата, а ги знаеле и неговите лековити својства.
Ловоровиот лист помага при мачнини, умор, го регулира шеќерот во крвта, го забавува стареењето, смирува, а особено е делотворен при стимулирање на дишните патишта затоа што помага да се исфрли слузта од белите дробови.
Чајот од ловоров лист е одличен како лек против сите видови на кашлица и делува смирувачки на слузницата на грлото и душникот.
Како да подготвите чај од ловоров лист?
Состојки:
- 2,5 децилитри вода
- 4-5 ловорови листа
Подготовка:
Ставете ги листовите во тенџере, прелијте ги со ладна вода, оставете сето тоа да зоврие и варете 5 минути.
Оставете го чајот поклопен со капаче уште 10 минути, па процедете.
Листовите се многу ароматични, горки и со јак вкус, па во чајот може да си додадете мед или лимон по желба.