Објавена фотографија од омикрон со помош на електронски микроскоп

Макфакс

08/12/2021

11:02

26.751

Големина на фонт

а а а

Универзитетот во Хонг Конг објави фотографија од новиот сој на коронавирусот, омикрон, добиена со помош на електронски микроскоп.

Омикрон првпат беше откриен на 24 ноември во Јужна Африка. Првичните студии покажаа дека е потенцијално повеќе пренослив од другите варијанти.

Медицинските научници, вклучително и патолози и виролози, успеаја да направат електронска микроснимка на келиите на бубрезите на мајмун (Vero E6) откако бил заразен со омикрон.

Универзитетот објави слики со мало и големо зголемување.

При малото зголемување, сликата покажува оштетување на клетките со отечени везикули кои содржат мали црни вирусни честички, објаснуваат истражувачите. Високото зголемување покажува агрегати на вирусни честички со шилци во облик на корона на нивната површина.

Според извештаите, истражувачите од Одделот за микробиологија на Универзитетот во Хонг Конг успеале да го изолираат омикронот од клиничките примероци, што ќе овозможи развој и производство на вакцини против новиот сој.

Видот омикрон првпат беше откриен во Јужна Африка кон крајот на ноември. Тој содржи повеќе мутации на шилестиот протеин – 32 – од сите претходни варијанти, што значи дека би можел да се меша со имунолошкиот одговор на телото и полесно да се шири.



Спонзорирани линкови

Маркетинг