ЕУ крева ѕид против мигрантите?

Точка

07/12/2021

15:19

2.658

Големина на фонт

а а а

Словенија и уште неколку земји членки бараат со заеднички пари ЕУ да финансира кревање на бариера на надворешните граници на Унијата за да се спречи влез на мигрантите.

Меѓутоа, официјален Брисел останува при ставот дека буџетот на ЕУ не може да се користи за тие цели.

"Европската комисија останува при ставот дека од буџетот на ЕУ не би требало да се финансира кревање на огради, ѕидови и бодликави жици на надворешните граници на ЕУ", рекол еден европски службеник, пренесува "Еуроактив Полска".


Полските медиуми претходно објавиле дека балтичките држави, вклучувајќи ја и Полска можат да ги користат фондовите на ЕУ за кревање на ограда на границите кон Белорусија, бидејќи тоа не е забрането со законите на Унијата, Според сознанијата на "Политико", Словенија минатата недела го повикала Брисел да ја преиспита употребата на средствата на ЕУ за изградба на ѕидови или огради на надворешната граница, а барањето да се променат правилата на ЕУ за азил и заедничките пари да се користат за бариери на границата наводно го поддржале 12 земји членки.

Како што денеска пренесува "Еуроактив Полска", Комисијата нагласила дека парите од буџетот на ЕУ може да се пренасочат на други видови управување со границата, вклучувајќи систем за електронски надзор и дронови.


Буџетот на ЕУ за 2022-ра, усвоен е кон крајот на ноември, вклучува 25 милиони евра за "за заштита на границите на ЕУ со Белорусија", но не се прецизира како парите ќе бидат потрошени.

Во октомври шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен рекла дека "во Европската комисија и Европскиот парламент одамна постои став дека нема да има финансирање на бодликави жици и ѕидови", од парите на ЕУ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг