Хјустон влезе во победнички ритам и продолжи да се искачува на табелата

Дерби

06/12/2021

12:19

1.096

Големина на фонт

а а а

Хјустон Рокетс имаше катастрофален биланс на стартот на НБА сезоната, но полека почнува да се искачува на табелата, пред се благодарение на победничката низа во која влезе.

„Ракетите“ рано утрово стигнаа и до шестата победа во серија во најсилната американската кошаркарска лига, откако на домашен терен го совладаа Њу Орлеанс со 118:108.

Пред оваа серија, Хјустон имаше само една победа и беше очајно лош, но сега со седмиот триумф од стартот, може да се надева и на плеј-ин разигрување доколку успее да го одржи овој ритам.

Гордон и Вуд со по 23 поени беа лидери во новиот триумф на Рокетси, додека како недоволни за победа на Њу Орлеанс се покажаа и 40-те поени уфрлени од Инграм.

На двата останати натпревари, Торонто го победи Вашингтон со 102:90, додека Атланта на домашен терен претрпе пораз од Шарлот во најефикасениот меч на вечерта (127:130).



Спонзорирани линкови

Маркетинг