Квадрадо откри каква порака му испратил на Сиригу откако му даде гол од корнер

Дерби

06/12/2021

12:17

1.181

Големина на фонт

а а а

Јувентус ја запиша осмата победа од стартот на сезоната и се искачи на петтото место во Серија А, откако вчеравечер во еден крајно доминантен натпревар и одржа фудбалска лекција на Џенова.

Тимот на Макс Алегри постигна два гола, но реалноста е дека можеше да постигне уште најмалку три или четири бидејќи имаше дури 27 обиди за погодок, а од друга страна Џенова не испрати ниту еден директен шут кон голот на Шчесни.

Искусниот Сиригу прими два гола на вчерашната пресметка во Торино, но да не беше тој, Пандев и соиграчите ќе претрпеа болен пораз, бидејќи Италијанецот неутрализираше неколку стопроцентни шанси во вториот дел.

Сепак, Сиригу сигурно до крајот на својот живот ќе го памети голот од корнер кој го прими од Квадрадо, кој интересно беше уловен како има конверзација со голманот на Џенова пред стартот на вториот дел.

За разлика од Хакан Чалханоглу кој тврдеше дека сакал да постигне гол од корнер на дербито со Рома, Квадрадо открива дека првичната намера не му бил да гаѓа директно во мрежата.

– Да бидам искрен, не сакав да го направам тоа и му го кажав на Сиригу. Мојата првична цел беше да ја гаѓам првата статива, но топката отиде многу високо и се случи тоа што се случи, – открива Квадрадо за „ДАЗН“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг