(Видео) Прес-конференција на Заев и Гаши: Алтернатива ќе раководи со три министерства меѓу кои и здравство

Точка

05/12/2021

13:24

7.500

Големина на фонт

а а а

Изјави на премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, во Клубот на пратеници.

Премиерот Зоран Заев образложи договорот со Алтернатива да биде дел од парламентарното мнозинство и од Владата. Со тоа, како што информираше Заев, Алтернатива ќе раководи со министерството за здравство, за информатичко општество и администрација и со министерството за дијаспора.

„Вредноста на овој договор е справување со предизвиците. Најважно е функционирањето на институциите и јасно утврдена одговорност пред граѓаните. Тоа е важно во време на предизвици дома и на глобален план. Постигнатниот договор е дека имаме мнозинство кое ќе работи на решение за предизвиците, како што е обезбедување контиунутеот како што е почеток на преговорите со ЕУ. Справување со ковид 19 пандемијата. На коалциниот партнери сите ние заедно егногласни сме дека на Северна Македонија е потребна влада која испорачува резултати во интерес на граѓаните, посебно во време кгоа е потребен евроатлатнски курс на дејствување“, рече Заев.

Тој дополни дека Алтернатива ќе раководи со три министерства.

„Во иднина Алтернатива ќе треба да постави министер за здравство, министер за информатичко општество и администрација и министер за дијаспора. Тројца заменици министри: во образование, култура, за третиот ресор да прецизира, за земјоделство. Алтернатива ќе земе одговорност во повеќе институции во централно и локално ниво како што се МЕПСО, Фонд за здравство, железници, Клинички центар Тетово, Агенција за странски инвестиции…’, вели Заев.