Комплет кој никогаш нема да излезе од мода: Прекрасно издание на кралицата Летиција

Точка

04/12/2021

21:55

15.228

Големина на фонт

а а а

Кралицата Летиција вчера во Мадрид присуствувала на отворање на манастир, а за таа прилика носела комплет кој секоја жена треба да го поседува во својот ормар.

Кралицата се појавила во совршена есенска комбинација која лесно можете да ја ископирате, а истата е одличен избор за на работа, па дури и бизнис состанок, семинар или ручек во ресторан. Таа избрала еден од најголемите трендови веќе неколку сезони наназад – одело со лежерен крој и модерен кариран дезен.


Летиција изгледала одлично во сиво сако со дворедно копчање и панталони со широки ногавици, а целата комбинација ја заокружила со беж блуза и капут во истата нијанса и кожни чизми со боја на карамел.


Таа својот капут го префрлила преку рамената – стилски трик со кој дамите често се служат и кој остава впечаток на ноншалантност и не ја „затвора“ самата модна комбинација.




Спонзорирани линкови

Маркетинг