(Видео) Роднините на загинатите се собраа на Скопски аеродром! Дамир Османов: „Изгубив 5 членови од семејството“

Точка

03/12/2021

11:25

14.211

Големина на фонт

а а а

Првиот од двата воено-транспортни авиони кои треба да ги донесат посмртните останки на 45-те патници кои трагично го загубија животот во автобуската несреќа во Бугарија, тргнал пред околу 15 минути.

Полетувањето на авионите беше одложено за еден час поради лошите временски услови на софискиот аеродром и силниот ветер.

На аеродромот во Скопје, присутни се роднини на починатите. Еден од нив е и Дамир Османов од Сингелиќ, кој во страшната несреќа на автопатот „Струма“ изгуби 5 лица од семејството.

Во изјава за медиумите посочи дека правдата за тоа кој е виновен за оваа несреќа ќе ја бараат откако ќе ги погребаат своите блиски.


Османов додава дека за несреќата дознал од ќерката од Швајцарија, а потоа се утврдило дека овие 5 лица се дел од листата на загинати патници.

„Ќерка ми се подготвуваше за свадба, во април ни беше закажана. Требаше да живее во Америка. Утрото на 23 ноември станав рано за да одам на автобуска да ги пречекам, тогаш ми се јави ќерката да ми каже дека имало несреќа. Јас пробував да дознаам дали автобусот со кои патуваа жена ми и ќерката е запалениот, бев во неизвеснот, многу ми беше тешко“, вели Османов, а целата изјава може да ја прочитате на„Слободен Печат“.