Рангник добил работна дозвола, ама нема да го води Јунајтед на вечерашното дерби

Дерби

02/12/2021

16:15

4.197

Големина на фонт

а а а

Германскиот фудбалски стручњак, Ралф Рангник добил работна дозвола и ќе може да им се посвети на обврските во Манчестер Јунајтед.

Оваа вест ја објави англиските медиути си тоа што Рангник нема да ја води екипата на вечерашното дерби против Арсенал, односна таа задача ќе му остане на Мајкл Керик кој беше крај аут линијата против Вилјареал и Челси, дуели на кои „црвените ѓаволи“ забележаа победа и реми.

Ралф кој е ангажиран како тренер на Јунајтед до крајот на сезоната првото обраќање се очекува да го има на пресот пред мечот со Кристал Палас, меч на кој ќе може од лице место да ја предводи својата екипа.

Германецот нема некои успеси на големата сцена, најзабележителен резултат му е Купот и Супер Куп трофеите со Шалке 04, тим за кого денеска настапува репрезентативецот Дарко Чурлинов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг