Како дошло до смирувањето на Бенифер после 17 години? Бен Афлек признава - тоа е одлична приказна!

Точка

02/12/2021

10:41

14.938

Големина на фонт

а а а

Најголемата вест за познатите во 2021-ва година несомнено беше враќањето на „Бенифер“, односно смирувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек, златниот пар од почетокот на 2000-те години, а веќе со месеци се шпекулира како воопшто дошло до тоа 17 години по раскинувањето тие повторно да се вљубат.

Џенифер Лопез (52) и Бен Афлек (49), најпопуларниот славен пар во светот во период од 2002-ра до 2004-та година, без никакви сомнежи е парот за кој најмногу се зборува оваа година и од ден на ден им мамат воздишки на милиони луѓе ширум светот.


Тие се однесуваат како заљубени тинејџери - шетаат држејќи се за раце, шепотат и се скокоткаат во јавност, на аеродром се збогуваат, долго, не тргнувајќи ги рацете еден од друг...

Иако на почетокот се шпекулираше дека е само внимателно разработен маркетинг трик, сепак изгледа дека нивната љубов е вистинска во секоја смисла, а латино дивата веќе се преселила во Лос Анџелес од Мајами со своите деца Максим и Ема за да биде поблиску до Афлек.


Меѓутоа, постојано се прашуваме како е можно тоа - нивното раскинување во 2004-та година било изненадно и можеби дури побурно од што се мисли, бидејќи веста за разделувањето ја споделил ПР-ор на Џеј Ло, после што ПР-от на Бен рекол дека 'од негова страна сепак нема да се случи војна'.

Како пејачката и актерот повторно се поврзале и толку се заљубиле?

„Дефинитивно можам да кажам дека мене ми е прекрасно“, бил искрен Афлек во разговор за „WSJ. Magazine“.

„Тоа е добра приказна. Тоа е одлична приказна! И, знаете, можеби еден ден ќе ја раскажам. Сè ќе запишам... И потоа ќе го запалам тоа“.


Тој истакнал дека е благодарен на тоа што добил втора шанса, како во кариерата, така и на приватен план, но и, како што вели, како човечко суштество.

„Животот е тежок и постојано паѓаме и се надеваме дека ќе научиме нешто од тие падови. Единствената работа која мора да ја направите е втората шанса да ја искористите за приликите кои тоа созревање ви ги пружа“, додал Афлек.

Пред неколку месеци американските медиуми тврдеа дека Афлек го направил првиот чекор, додека врската на Џенифер со Алекс Родригез се 'распаѓала'.


„TMZ“ пишуваше дека актерот во февруари контактирал со поранешната вереница, во моментот додека таа во Доминиканската Република ја снимала романтичната комедија „Shotgun Wedding“. Наводно ѝ испратил мејл во кој ѝ напишал дека изгледа прекрасно на фотографиите од снимањето кои се појавиле во медиумите. Овој портал тогаш напиша и дека Бен ѝ порачал на Џеј Ло дека би сакал и тој да е таму, но во тој момент бил во Бостон и го снимал филмот „The Tender Bar“ со Џорџ Клуни. Комуникацијата продолжила и во наредниот период, сè додека кон крајот на април Џенифер не завршила со снимањето и се вратила од Карибите. Наводно Афлек напишал и како би сакал да го има 'срцето на Џенифер', а таа се разнежнила поради тие пораки.


Во тој момент пејачката и понатаму официјално била верена со некогашниот бејзбол играч Алекс Родригез, со кој со месеци имале проблеми во врската, а на 15-ти април парот издаде соопштение за медиумите во кое призна дека повеќе не се заедно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг