Болдвин тврди дека не го повлекол чкрапалото: Прво интервју на актерот по трагедијата, заплакал среде емисија поради убиството на камерманката

Точка

01/12/2021

21:37

6.649

Големина на фонт

а а а

Актерот Алек Болдвин, во прво интервју по трагедијата открил сè што можел за тоа што се случило тој 21-ви октомври на снимањето на филмот „Rust“ во Њу Мексико.

Алек во интервју за „ABC News“ изјавил дека нема поим како се нашла муниција на сетот, како и тоа дека не го повлекол чкрапалото. Со оглед на тоа дека истрагата е во тек, Болдвин морал да биде внимателен со одговорите.

„Не го повлеков чкрапалото. Никогаш не би вперил пиштол во некого, никогаш не би го направил тоа“, вели актерот во најавата за емисијата во која се гледа како плаче додека зборува за трагичниот настан.

Во објавената најава од интервјуто не се открива како куршумот бил испукан од пиштолот.

„Некој ставил куршум во пиштолот“, рекол Болдвин. „Куршум кој не ни требало да биде на снимањето“.

„Дури и сега ми е тешко да поверувам дека се случи инцидент. Сè уште ми делува нереално“, додал тој.

Низ солзи, Алек Болдвин се присетил на покојната Халина Хачинс како „личност која ја сакале сите кои работеле со неа и на која ѝ се воодушевувале“.


Во интервјуто кое ќе се емитува утре, Болдвин исто така ќе зборува зошто открил да проговори за сè, како се случило пукањето, како се помирил со фаталната несреќа и што мисли за актерите како Џорџ Клуни, кои велат дека секогаш го проверуваат оружјето пред снимањата.

За потсетување, ова е прво интервју на Болдвин откако на 21-ви октомври ја застрела и усмрти директорката на фотографија, Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза.



Спонзорирани линкови

Маркетинг