Ништо не ги чисти белите дробови подобро од овој напиток: Ја ублажува кашлицата и ја исфрла слузта и наталожените токсини

Точка

01/12/2021

20:29

24.477

Големина на фонт

а а а

Упорната кашлица е карактеристичен симптом на бактериски или вирусни инфекции на дишните органи, често пропратена со густ секрет во грлото залепен за ѕидовите на бронхиите кој многу тешко се исфрла.

Во овој случај најдобро решение се народните лекови. Слузта од белите дробови најефикасно ги исфрла напитокот на база на бел слез.

Бел слез за исфрлање слуз (шлајм) кај возрасни:

Прелијте една лажица иситнет корен од бел слез со 2 децилитри ладна вода и оставете го поклопен 6 до 8 часа, а потоа процедете и пијте во мали голтки. Вака подготвен чајот за искашлување пијте го до 2 пати дневно, без шеќер и резултатите нема да изостанат.


Бел слез, лен и жалфија за исфрлање слуз кај деца:

Како исклучително ефикасен природен лек за исфрлање на слуз кај децата, но и кај возрасните се покажал белиот слез во мешавина со ленено семе и жалфија.

Измешајте една лажица корен од бел слез, една лажица ленено семе и една лажица сува жалфија. Во тенџере ставете 2,5 децилитри вода, а потоа додајте 100 гр. кафеав шеќер. Кога шеќерот ќе се стопи, додадете ја смесата од билки и еден лимон, добро измиен и исечкан на кришки. Варете на умерена температура 15 минути, а потоа тргнете го садот од оган и процедете. Земајте по една лажичка од сирупот, 4 пати на ден, додека не почувствувате подобрување. Сирупот за искашлување е најдобро да се чува во фрижидер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг