Британија е подготвена да се спротивстави на "неодговорното однесување" на Русија на Западен Балкан

Точка

01/12/2021

19:14

3.744

Големина на фонт

а а а

Британската министерка за надворешни работи, Елизабет Трас, изјавила дека Лондон и неговите сојузници се спротивставуваат на "обидите на Москва да ги искористи тензиите на Западен Балкан".

"Покажуваме дипломатско лидерство здружувајќи ги партнерите ширум светот, вклучувајќи и преку нашето претседавање во Г7, за да се спротивставиме на неодговорното и дестабилизирачко однесување на Русија", истакнала министерката во статија која ја напишала за "Daily Mail".

Таа во статијата зборувала на неколку теми, меѓу кои и наводниот план на Москва да изврши "инвазија на Украина".


"Заедно со нашите сојузници од НАТО јасно ставаме до знаење до знаење дека секоја руска инвазија на Украина би била огромна стратешка грешка", нагласила Трас, додавајќи дека Британија е подготвена да ги искористи сите дипломатски и економски можности да се избегне таков резултат и дека "нема да замижи пред тоа".


Исто така соопштила дека основниот принцип на НАТО е дека е "одбранбен сојуз", а тврдењата дека НАТО ја провоцира Руската Федерација ги нарекла "лаги".

Од своја страна, министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров неодамна го обвинил НАТО дека собири воена техника кај руските граници.


Киев и западните држави во последно време изразуваат загриженост поради наводното интензивирање на "агресивните дејствија на Русија во близина на границата со Украина".




Спонзорирани линкови

Маркетинг