"Spider-Man: No Way Home" нема да биде последен, пристигнуваат уште три нови филмови!

Точка

30/11/2021

20:00

4.830

Големина на фонт

а а а

Продукциската куќа Сони потврдила дека претстојниот "Spider-Man: No Way Home" не е последен филм за својот суперјунак, туку дека се спремат уште три нови филмови.

Обожавателите на Спајдермен стравувале дека ова ќе биде последниот филм во франшизата, меѓутоа продуцентката Ејми Паскал потврди дека Том Холанд повторно ќе го гледаме во оваа улога.


"Ова не е последниот филм за Спајдермен. Подготвуваме вистинско уживање со Том Холанд и Марвел, дури размислуваме и за трилогија. Ова дефинитивно не е крајот", рекла Паскал.

Веста доаѓа откако режисерот на филмот "No Way Home", Џон Ватс го нарече продолжението како "крај на играта". Том Холанд повеќе пати нагласил дека неговата иднина во Марвел е неизвесна бидејќи претстојниот филм бил последен под неговиот моментално актуелен договор.




Спонзорирани линкови

Маркетинг