Соопштение на МВР: Постапуваме по пријава за напад откако лице се јавило на билетарата на МНТ

Точка

30/11/2021

19:29

2.612

Големина на фонт

а а а

Од полицијата известуваат дека се постапува по пријава за напад, откако едно лице во 16:45 часот се јавило во билетарата на МНТ.

МВР ги повикува граѓаните да останат смирени, а апелираа до медиумите да објавуваат само официјални информации.

Велат и дека станува збор за стандардни мерки на МВР по ваква пријава и дека ќе ја информираат јавноста за настанот кога ќе се направат потребните проверки.

"Станува збор за стандардни мерки на МВР после ваква добиена пријава и веднаш штом ги завршиме проверките и веродостојноста на информацијата ќе ја известиме јавноста соодветно", велат од полицијата.