Експерт тврди: Ковид пропусниците доведоа до повеќе ковид-инфекции во Белгија

Точка

30/11/2021

15:11

3.359

Големина на фонт

а а а

Воведувањето на ковид пропусниците во Белгија не ја зголемило стапката на вакцинација, но резултирале со поголем број на ковид-инфекции, вели микробиологот Емануел Андре.

Белгија ги вовела ковид-пропусниците за да осигури дека евентите кои се одржуваат низ земјата ќе бидат безбедни, но експертите и властите исто така се надевале дека истите ќе ја зголемат и стапката на вакцинација во некои области.

"Пропусниците не го направија тоа што се очекуваше од нив. Не ја зголемија стапката на вакцинација за многу, но доведоа до повеќе контакти, а со самото тоа и до повеќе зарази - можам да кажам дека едното и другото се поврзани", рекол Андре за "De Morgen".


Кога биле воведени, за влез на одредени настани пропусниците требало да се прикажат за луѓето да докажат дека се целосно вакцинирани, дека неодамна биле тестирани негативно или оздравеле од ковид-19 - со што автоматски добиле дозвола да не се придржуваат до основните мерки - носење маски и држење на дистанца.

"Па така, пропусниците го направија спротивното од тоа што требаше да го направат, најмногу бидејќи другите мерки престанаа да важат кога беа воведени", додава Андре.


Неодамна, Советодавниот комитет одлучил дека за присуство на евентите на затворено се уште ќе биде потребна пропусница, но дека и маските ќе бидат задолжителни за сите присутни.

"Маските, заедно со вакцината и добрата вентилација, остануваат најважните начини да се заштитите од вирусот", рекол Андре. "Посебно кога вирусот циркулира многу, или вентилацијата е неадекватна. Посебно денеска, носењето маска е одлична превенција", заклучил тој, пренесува "The Brussels Times".




Спонзорирани линкови

Маркетинг