Анализа на „Пари“: Македонија во канџите на енергетската зависност

Точка

30/11/2021

10:33

42.244

Големина на фонт

а а а

Во однос на сите енергенти измерената енргетска зависност на државата во 2000-та година била 39,9%, во 2010 година изнесувала 44,1%, а во 2020 – 63,7%! Овие бројки кои покажуваат како државата се повеќе е во канџите на енергетската зависност ги открива Државниот завод за статистика.

Со оглед на тоа дека гас и нафтени деривати никогаш и не сме имале, јасно е дека енергетската зависност се темели на увозот на електричната енергија како енергент, како и на јагленот кој се користи за нејзиното производство.

Вкупна енергетска зависност:

Нето-увозот претставува разлика помеѓу увозот и извозот на енергентите во и од земјата.

Цените на берзите на електричната енергија коишто достигнаа и над 200 евра за мегават-час, што е за повеќе од 3 пати од ланските, уште еднаш покажаа што значи да се има сопствено производство на струја. За жал, податоците покажуваат значително намалување на домашното производство на струја, и тоа особено на државното производство.

Според Регулаторната комисија за енергетика, домашното производство на електрична енергија во 2010 година било 6.744 GWh, а во 2020 година изнесувало 5.127 GWh, или 24 % помалку. Притоа, најголемо влијание врз ова намалување има производството на АД ЕСМ Скопје, коешто во 2010 година изнесувало 6.476 GWh, додека во 2020 година изнесува 3.643 GWh, или 44 % помалку.

Домашно производство на струја:


Целиот текст може да го преземете на следниот линк: https://pari.com.mk/pari-analiza-energetska-zavisnost-makedonija-struja/.



Спонзорирани линкови

Маркетинг