Американските медиуми тврдат дека основачот на Твитер се повлекува од лидерската позиција

Точка

29/11/2021

17:55

41.449

Големина на фонт

а а а

Основачот и СЕО на Твитер, Џек Дорси, наводно ќе отстапи од неговата позиција, пренесува CNBC.

Дорси го основал Твитер во 2006 година и бил извршен директор на Твитер и компанијата Сквер.

Тој бил под притисок на некои инвеститори за да се повлече уште од минатата година. Цената на акциите на Твитер скокнала откако се појавиле гласини за неговото заминување.

Веста за заминувањето на господинот Дорси прв ја објави CNBC во понеделник, повикувајќи се на анонимни извори, а новинарската агенција Ројтерс пренесува дека има иста информација.

Во неделата Дорси напишал твит кој гласел: "Го сакам Твитер".

Официјална потврда за Дорси и Твитер сѐ уште нема.



Спонзорирани линкови

Маркетинг