Заев за премиерската оставка: Прво да завршат преговорите со Алтернатива и да се види како ќе одат преговорите со Бугарија

Точка

28/11/2021

19:02

3.444

Големина на фонт

а а а

Премиерот Заев без конкретен одговор дали во овој момент ќе се повлече од премиерската функција, а оставката ќе ја депонира во Собранието или пак ќе го послуша барањето на неговиот коалициски партнер ДУИ, својот мандат да го заврши до 2024 година. За телевизија „Телма“ Заев вели дека сè ќе зависи од преговорите со Алтернатива и со Бугарија.

„Прво треба да се завршат преговорите за парламентарното мнозинство со Алтернатива. Ако тоа се заврши и јавно објави, ќе се направи проценка со стабилно и зголемено парламентарно мнозинство, кога да се влезе во парламентот со постапка за избор на влада со Алтернатива, а во зависност од преговорите со Бугарија. Една од најзначајните причини поради кои Алтернатива би влегла во Влада е да обезбеди стабилна влада и стабилно мнозинство поради почетокот на преговори со ЕУ“.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи упати апел Заев да остане на премиерската функција за да не се загрозат евроинтегративните процеси и државата да не влезе во нови проблеми додека пак лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бара од Заев по поднесената оставка во партијата истото да го направи и во Владата.

Во СДСМ во тек е постапката за поднесување кандидатури за нов лидер на партијата која ќе трае до петок. Засега како можен наследник на Заев се промовираше само актуелниот заменик министер за финансии Димитар Ковачевски кој беше присутен и на средбата со Алтернативa.



Спонзорирани линкови

Маркетинг